Во БиХ значително помал бројот на новите коронаинфекции, шест починати

Во Босна и Херцеговина во понеделникот се потврдени 92 случаи на зараза со новиот коронавирус, што е помалку од тримесечниот просек кога овој показател редовно беше над 200 случаи.

Во последните 24 часа во земјата починале шест лица како последица на компликации предизвикани од заболувањето Covid-19.

Според податоците на ентитестките здравствени власти, во Федерацијата БиХ биле тестирани 503 примероци, при што заразата е потврдена во 57 случаи, додека во Република Српска биле тестирани 357 примероци, а вирусот SARS-CoV-2 е потврден во 35 случаи.

Поединечно, најмногу новозаразени има повторно на подрачјето на Сараево, каде се потврдени десет нови случаи, како и во Бања Лука, каде заразата е потврдена кај седум лица.

Сите овие бројки се значително помалки отколку во изминатите речиси три месеца, и ова е првпат, освен податокот од 7-ми септември, во БиХ да има двоцифрен број новозаразени, бидејчќи тој уште од крајот на јуни речиси секојдневно беше повисок од 200.

Според последните официјални податоци, во цела Босна и Херцеговина, од почетокот на епидемијата се заразиле 24.897 лица, од кои досега 17.365 лица оздравеле, а во 752 случаи заразата имала фатален исход.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.