Во Битола пронајдени три неесплодирани гранати од Прва светска војна

Во Битола биле пронајдени три стари неескплодирани артилериски гранати од Прва светска војна.

– Вчера во 12:10 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Љубојно“ во Битола биле пронајдени три стари неексплодирани артилериски гранати кал.75 мм од Прва Светска Војна, соопштуваат од МВР.

Од таму информираат дека увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола, а од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување истите се безбедно подигнати од местото на настанот.