Во Битола во првиот ден од новата година се родиле 10 бебиња

На првиот ден од 2021-ва година се родиле 10 бебиња во Битола, што е незапаметен бејби-бум во овој град, кој инаку е познат и по тоа како еден од оние со најголем тренд на опаѓање на наталитетот во Македонија.

Осум се родиле по новогодишната ноќ во битолската болница, а две во приватната „Плодност“. Станува збор за шест машки и четири женски деца.

Првото е родено во првата минута по полноќ со царски рез а ќе го носи името Методи.

Директорката на болницата Билјана Гагачевска вели дека не се памети кога последен пат имало толкав број на породувања на дневна основа во конзулскиот град.

Во Битола во 2020 имало пораст за пораѓања за 2 отсто во однос на 2019.