Во Битола запленета дрога во вредност од 800.000 евра

Тим од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје – Единица за недозволена трговија со дрога, во координација со ОСПО – САЕ „Тигар“ и СВР Битола, вчера се лишени од слобода пет лица и е запленета дрога во вкупна тежина од околу 250 килограми со проценета вредност од околу 800.000 евра.

По добиени информации дека во правен субјект за производство на канабис во медицински цели во Битола се врши производство на марихуана, и покрај донесената одлука и решение од страна на Владата на РСМ на 25.05.2021 за одземање на дозвола за одгледување на канабис за медицински цели, обезбедена е Наредба за претрес од Основен суд Битола.

При извршениот претрес на правниот субјект, во една од просториите затекнати се две женски лица во момент на обработка и пакување на сув цвет од канабис, додека во други простории на фабриката е пронајдена голема количина на сув цвет од канабис.

Во координација со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, по комплетирање на целокупната документација против сите инволвирани лица во нелегално производство на марихуана ќе биде поднесена кривична пријава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.