Во битолско најден машки труп во распаѓање

Жител на битолското село Олевени во понеделникот го пронашол телото на неговиот починат татко, кое било во фаза на распаѓање, информираа во понеделникот од МВР.

З.Ц. пријавил вчера во полициска станица дека во битолското село Олевени го пронашол починат неговиот татко П.Ц.(66) од село Олевени.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Битола, а по Наредба на Јавен обвинител  телото на починатиот било предадено за обдукција.