Во близина на Чикаго подготвуваат мртовечница за примање до 2.000 тела, нови бројки во САД

126

Бирото за судска медицина во округот Кук, во американската сојузна држава Илиноис, поради пандемијата на коронавирусот има намера однапред да подготви мртовечница којашто ќе може да прими до 2.000 тела, објави во четвртокот телевизијата CNN повикувајќи се на челникот на советот на округот, Тони Приквинкл, додека од САД доаѓаат новите бројки за заразените и починатите од Covid-19.

„Правиме планови коишто, се надеваме, нема да мораме да ги спроведуваме. Сепак, ја знаеме одговорноста која паѓа врз нас да се подготвиме во случај на зголемување на смртните исходи како резултат на пандемијата“, го цитира телевизијата претставникот на округот Кук.

Според прилогот на CNN, властите на округот Кук, со чијашто територија е опфатен и градот Чикаго и живеат околу 5 милиони луѓе, веќе пристигнале 14 приколки-ладилници и во моментов се прават договори за набавка на уште шест. Тие ќе бидат распределени меѓу болниците во областа, во случај да бидат исполнети мртовечниците во болниците.

Според информациите на Институтот при Универзитетот „Џонс Хопкинс“, во окригот Кук се регистрирани повеќе од 10.500 случаи на зараза со коронавирусот, од кои починале 210 лица.

Најновите податоци на споменатиот институт од четвртокот вечерта по македонско време говорат за севкупно 451.491 случај на зараза, од кои досега починале 15.938 луѓе.

Со тоа САД во моментов се на првото место во светот според бројот на заразените пред Италија, којашто со 17.669 починати и натаму е водечка во светот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.