Во Богданци референдум за рудникот во Казандол

360

Граѓаните на општина Богданци на 11 јуни годинава на референдум ќе се изјасната дали се за или против работата на рудникот за бакар Казандол кај Валандово, одлучи синоќа едногласно општинскиот совет по иницијативата поднесена од
граѓанското здружение „Спас за Богданци“.

Сите 11 членови на општинскиот Совет, по пет од ВМРО­-ДПМНЕ и СДСМ и еден од ВМРО­НП ја подржаа иницијативата од граѓанското здружение според која треба да се чуе и послуша гласот на народот околу работењето на рудникот за бакар во соседната општина.

Иницијативата во Богданци следи откако пред десетина дена граѓаните на општина Гевгелија на референдум со огромно мнозинство гласови се изјаснија против отворање на рудници за злато на планината Кожуф.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.