Во Богомила 60-годишен маж починал откако го истепал 20 годишно момче

На 23.01.2023 во 00.20 часот во с.Богомила, општина Чашка, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода И.Т.(20) од с.Богомила.

На 22.01.2023 околу 20.30 часот во село Богомила настанала физичка пресметка помеѓу него и Р.С.(62) од село Богомила, по што го напуштил местото, а за кратко време Р.С. бил пронајден починат.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото извршил Јавен обвинител од ОЈО Велес и екипа од СВР Велес.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. И.Г. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.