Во болниците се лекуваат вкупно 1.724 ковид пациенти

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.724 и има околу 310 празни болнички кревети во ковид центрите. Во Скопј вкупно 672 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели, информира министерството за здравство.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 134 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 86 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 48 пациенти, во Велес се лекуваат 99 болни, а во Куманово 90 пациенти позитивни и суспектни на ковид- 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 131 во ковид центарот во Гостивар 45, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 112 пациенти, во Кочани 38 во Кичево 38, Кавадарци 70, а во Гевгелија 24 лица позитивно и суспектно на корона вирусот.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 62 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 672 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 29 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 15 примени пациенти и 12 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 3 нови болни и 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина е примен еден  пациент.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 74 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 144 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 148 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 33 пациенти. На Клиниката за детски болести има 9 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 8 позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и  рехабилитација има 38 болни.

Вкупно 679 пациенти потврдени и сомнителни за ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и до утрово имало 80 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.