Во болниците вкупно 1.282 пациенти со коронавирусот, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во „ковид центрите“ во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 813 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, соопшти во неделата Министерството за здравство.

Според извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 73 пациенти позитивни и суспектни на Covid-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 62 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 45 пациенти, во Велес се лекуваат 58 болни, а во Куманово 113 пациенти позитивни и суспектни  на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп  118, во ковид центарот во Гостивар 59, а во Струга 32 болни. Во болницата во Струмица лежат 64 пациенти, во Кочани 15, во Кичево 20, Кавадарци 39, а во Гевгелија 15 лица позитивни на корона вирусот.

Бројките, како што посочуваат од Министерството, се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

„Вкупната бројка пациети позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.282 и има колку 190 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород, наведуваат во соопштението.

И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство, како што посочуваат, е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.