Во борбите кај Триполи загинал 121 човек

Најмалку 121 човек загинал и 561 се ранети во борбите околу либиските престолнина Триполи, пренесува во неделата агенцијата AFP повикувајќи се на Светската здравствена организација (СЗО).

Претходно агенцијата Associated Press соопшти за 51 загинат во борбите меѓу силите на меѓународно признаната влада чие седиште е во Триполи, и побунетиот воен командат чие седиште е во Тобрук.

Од 2011 година, во текот на граѓанската војна поддржана од Западот кога беше соборен и ликвидиран деценискиот либиски водач Моамер ел-Гадафи, земјата западна во политички и економски хаос. Во моментов во Либија постојат две влади во Либија, меѓународно признаената Влада на националниот договор на премиерот Фаиз Сараџ во Триполи, и привремениот кабинет на министри на Абдула Абдурахман ал-Тани, кој дејствува на истокот од земјата заедно со избраниот парламент и поддржан од Либиската национала армија (LNA), фелдмаршалот Халифа Хафтар.

На 4-ти април Хафтар објави почеток на военото напредување кон Триполи. Сараџ издаде наредба на сите воени единици под негова контрола да бидат подготвени за одбрана на градот.