Во Бразил над 33.000 новозаразени со коронавирусот, во Австралија бројката се намалува

Во Брзил во изминатото деноноќие забележани се 33.536 нови случаи на зараза со коронавирусот и 836 починати, додека истовремено Австралија бележи пад на случаите на коронаинфекции на дневно ниво.

Од почетокот на епидемијата во Бразил потврдени се повеќе од 4,59 милиони случаи на зараза, додека официјалниот број смртни исходи се зголеми на 138.108, според податоците на тамошното министерство за здравство.

За разлика од Бразил, жариштето на коронавирусот во Австралија, сојузната држава Викторија, извести дека бројот на новите случаи на коронавирусот речиси се преполовиле во однос на ден претходно, па тамошните власти веќе од идната седмица планираат да ублажат некои од рестрикциите.

Викторија, втора по население во Австралија, извессти и за пет смртни случаи од Covdi-19 и за 15 новозарзени во последните 24 часа, за разлика од тројца починати и 28 новозаразени ден претходно.

Просечниот број нови коронаинфекции во Мелбурн, епицентарот на вториот случај на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа паднал на 30. Градските власти соопштија дека ограничувањата може да бидат ублажени доколу од 28-ми септември просечниот број новозаразени остане под 50 лица на ден,