Во Бразил над 450.000 починати од коронавирусот

Бразил во вторникот ја надмина бројката од 450.000 смртни случаи како последица од компликациите предизвикани од коронавирусната болест Covid-19, објави тамошното министерство за здравство.

Во последните 24 часа во Бразил починале 2.137 заразени лица, а забележани се 73.453 нови случаи на коронаинфекцијата.

Од почетокот на пандемијата во Бразил од овој вирус починале од 452.031, а според офоцијалните податоци повеќе од 16 милиони луѓе биле заразени во земајта од почетокот на пандемијата.