Во Бразил над 70.000 починати, во САД трет ден рекорден број на новозаболени

Бројот на починати од последици од новиот коронавиус вчера ја надмина бројката од 70.000, а во изминатите 24 часа во земјата починаа уште 1.214 луѓе.

Во најголемата јужноамериканска држава од последици од Ковид-19 починаа вкупно 70.398 луѓе, а инфицирани се над 1,8 милиони луѓе, со 45.048 новозаболеми сам во еден ден.

Бразил со 212 милиони жители е на второ место по бројот на заразени лица после САД.

Со Ковид-19 е заразен и претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, кој тврди дека „многу добро“ се чувтсвува. Тој се лекува со хидроксиклорокин.

Во САД во изминатите 24 часа уште 69.000 лица се инфицирале со новиот коронавирус, што е трет ден по ред како се регистрирани рекорден број на новозаболени луѓе.

Во девет американски сојузни држави – Алјаска, Џорџија, Ајдахо, Ајова, Лујзијана, Монтана, Охајо, Јута и Висконсин пријавени се рекорден број на заразени лица во еден ден.

– Во САД во изминатите седум дена починаа над 4.200 луѓе од последици од новиот коронавирус, а експертите предупредуваат дека ситуацијата може да продолжи да се влошува од ден во ден, објави „Вашингтон пост“.

Досега во САД инфицирани се над 3,1 милиони луѓе, а болниците во сојузните држави, кои се жаришта на заразата, се пренатрупани.

Расте бројот на заразени лица со Ковид-19 во последните две недели во 44 американски сојузни држави.