Во Бразил во изминатите 24 часа како последици од компликацииет предизвикано од Covid-19 починале 1.641 лице, што е рекорден број смртни случаи регистрирани во земјата за еден ден, покажуваат податоците на тамошното министерство за здравство.
Претходно, најголемиот број смртни случаи беа забележани на крајот на јули минатата година со 1.595 починати
Бразил се соочува со нов бран на епидемијата, а здравствениот систем е пред колапс.
Според официјални податоци, во Бразил од Covid-19 досега починале повеќе од 257.000 луѓе, показател според кој земјата е на второто место во светот по САД, според вкупниот број смртни случаи од коронавирусот.
Околу 10,6 милиони случаи на коронавирус се потврдени од почетокот на пандемијата, а 59.925 лица биле заразени во последните 24 часа