Во Бразил уапсен член на калабриската мафија

Бразилската сојузна полиција соопшти во саботата дека ден претходно уапсила италијански државјанин, член на калабриската мафијашка организација ‘Ндрангета, по кој се трагало по потерница од Интерпол.

Винченцо Макри, 52-годишник познат под прекарот „Пумадуро“ бил аупсен на меѓународниот аеродром Гуaрлулхош во близина на Сао Паоло, на југоистокот од Бразил. Кај себе имал венецуелски пасош на мене Анџело ди Џакомо, се наведува во соопштението на бразилската полиција.

Тој е притворен во седиштето на сојузната полиција во Сао Паоло и ќе биде екстрадиран во Италија, каде е баран под обвиненија за криумчарење дроги, се додава во соопштението на коешто се повикува AFP.

Според податоците на бразилската полиција, Винченцо Макри е син на Антонио Макри кој починал во 1975 година а беше митскиот водач на ‘Ндрангета, мафијашката организација од Калабрија, на југот Сицилија.

Винченцо Макри бил задолжен за „внатрешните работи“ на ‘Ндрангета, а во периодот меѓу 2004 и 2015 година учествувал во шверцувањето дроги од Мароко, Холандија и Доминиканската Република во Италија.

‘Ндрангета последните децении стана најмоќната криминална организација во Италија.