Во Брисел демонстрации поради политичко штедење

Десетина илјади луѓе од цела Европа се собираат денеска во Брсел на демонстрации при што се противат на полтиката на државно штедење.

„Нашата порака е едноставна, но таа порака не ја сакаат европските официјални лица.Нашата порака е дека нивната политика која е одговор на финансиската криза не е доволна и ја влоши социјалната и економската криза. Нашата порака е дека мерките на штедење не функционираат,“ изјави генералниот секретар на Европската конфедерација на синдикати Бернадет Сегол.

„Целта на собирањето е да се понуди нов пат во Европа, без мерки на штедење, туку со големи вложувања се со цел траен раст и квалитетни работни места,“ изјави портпаролката на конфедерацијата Емануела Боначина.

Синдикатот сака да ги повика граѓаните на 25 мај на европските избори да гласаат за „кандидатите кои ќе го променат начинот на водење на ЕУ.“

Повеќе од 26 милиони Европјани се без работа. Има 10 милиони невработени повеќе од 2008 година, а во 18 од 28 членки на ЕУ дојде до пад на заработувачката укажуваат европските синдикалци.

„Ситуацијата е уште полоша кај младите, 7,5 милиони млади Европјани не работат, не студираат и не се образуваат.Многу меѓу нив се високо-образовани и ја напуштаат својата земја за да бараат работа негде на друго место,“ изјави Сегол.