Во Брисел започна „судењето на векот“ за териристичките напади

Во Брисел во понеделникот започна судењето на десетмината исламисти обвинети за самоубиствените терористички напади во 2016 година во кои загинаа 32 луѓе а ранети беа повеќе од 300 лица.

Најголемото судење во историјата на Белгија, кое ги разбуди болните сеќавања, се проценува дека ќе трае најмалку седум месеци.
Судењето се одвива во поранешното седиште на НАТО и ќе чини најмалку 35 милиони евра.

Двојниот бомбашки напад беше изведен на бриселскиот аеродром, а третата бомба експлодираше во подземната железница на 22-март 2016 година.

Деветмината обвинети се товарат за повеќекратни убиства и обиди за убиства во терористички контекст и им се закануваат доживотни затворски казни. Сите десетмина се обвинети за учество во активностите на терористичка група. На еден ќе му се суди во отстуство, но се верува дека веќе загинал на боиштето во Сирија.

Претседавачката судијка Лоренс Масарт го утврдила идентитетот на обвинетите. Сите освен Осама Крајем, шведски државјанин обвинет дека планирал да биде вториот бобмаш во метрото, одговарале на нејзините прашања. Белгискиот процес ќе се одвива пред порота.

Шестмина од обвинетите веќе беа прогласени виновни во јуни за учество во терористичките напади во Париз на 13-ти ноември 2015 година, во кои беа убиени 130 луѓе. Одговорноста за нападите во Брисел, како и оние во Париз и низата други изминатите години во Европа, ги презема ултрарадикалната сунитска џихадистичка група Исламска држава.

Во Брисел загинаа 15 мажи и 17 жени државјани на Белгија, САД, Холандија, Шведска, Велика Британија, Кина, Франција, Германија, Индија, Перу и Полска. Загинаа и тројцата бомбаши самоубијци.

Меѓу обвинетите е и Мохамед Абрини, кој тргнал кон бриселскиот аеродром со двацата бомбаши самоубијци, но избеегал без да го детонира својот патнички ковчег со експлозив. Му се суди и на Салах Абдеслам, главниот осомничен на судењето во Париз.

Во согласност со белгиската судска практика, обвинетите не мора да се изјаснат дали се чувствуваат виновни или не. Овинителите во вторник и требало да го почнат да го читаат овинението сочинето на 486 страници, а пота следи сослушувањето на 370 очевидци и експерти.