Во Британија можни организирани исклучувања на струјата во јануари

Велика Британија изработува планови за организирано исклучување на електричната енергија за индустријата и домаќинствата во текот на зимата, кога ниските температури би можело да се совпаднат со недостигот од гас, извести во вторникот агенцијата Bloomberg, наведувајќи како извор луѓе запознаени со плановите на владата во Лондон.

Според „разумното сценарио во најлошиот случај“ на британската влада, недостигот од капацитети во електричната енергија би можел да изнесува околу шестина од просечната побарувачка, и тоа дури и откако во погон итно се ставени електроцентралите на јаглен.

Според овие прогнози, заедно со потпросечните температури и намалениот увоз на електрична енергија од Норвешка и од Франција, Велика Британија во јануари би можела да се најде во ситуација во којашто можеби на четири дена ќе треба да преземе итни мерки за заштеда на гасот, се наведува во извештајот.

Министерството за деловни, енергетски и индустриски стратегии веднаш не одговорило на барањето за коментар од агенцијата Reuters.

Веста на Bloomberg доаѓа откако централната британска банка Bank of England (BoЕ) минатата седмица предупреди дека Велика Британија е на пат да долготрајна рецесија, имајќи предвид дека досега незабележано високите цени на енергијата ја поттикнуваат годишната инфлација кон 13 отсто, а секаков политички одговор на тоа ги попречува трката за избор на новиот премиер на 5-ти септември.

Додека европските влади настојуваат да го намалат користењето на гасот и да ги зголемат резервите, британската влада е поделена во конфронтирани табори, предводени од едната страна од министерската за надворешни работи Лиз Трас и до друга страна од поранешниот министер за финансии Риши Сунка, кој во кампањата за позицијата на идниот челник на владејачката Конзервативна партија, следствено и на британски премиер, се судрија околу тоа како да се одговори на многу можната криза со електричната енергија.

Хуманитарните организации, деловните здруженија и политичарите ги повикаа Трас и Сунак да ги изложат мерките за помош со кои Британците ќе се справат со прогнозираниот 82=процентен раст на цените на енергијата во октомври.