Во Британија речиси илјада нови смртни случаи од коронавирусот, Џонсон може кусо време да шета

457

Британскиот премиер Борис Џонсон може накусо да проодува во рамките на процесот на закрепунување од Covid-19, соопшти во петокот неговиот кабинет, додека министерот за здравство објави дека во Велика Британија има речиси илјада нови смрните случаи како последица од заразата со коронавирусот.

Џонсон мина три ноќи на одделот за интензивна нега во лондонската болница „Свети Тома“, а во четвртокот вечерта беше вратен на одделението, каде што закрепнува под строга контрола на лекарите.

„Премиерот може накратко да оди, меѓу периодите на одморање, што е дел од процесот за закрепнување. Разговараше со своите лекови и им му се заблагодари на целиот клинички тим за неверојатната нега којашто ја прими“, изјави за медиумите портпаролот на Даунинг Стрит.

Џонсон е првиот светски челник кој е хоспитализиран поради коронавирусот, па беше принуден привремено да го предаде управувањето со владата на министерот за надворешни работи Доминик Рааб, токму кога ситуацијата во земјата драстично се влоши.

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок, кој веќе закрепна од заразата со коронавирусот, изјави во петокот дека бројот на починатите во Обединетото Кралство се зголемил за 980 лица во однос на четвртокот. Со тоа, вкупниот број починати во епидемијата сега изнесува 8.958 лица.

Бројот на заразените во последните 24 часа се зголемил за 5.706 луѓе, со што вкупната броја заразени надминува 70.000, од кои 19.304 пациенти се хоспитализирани.

Хенкок, исто така, истакна и дека бројот спроведени тестови на дневно ниво постепено се зголемува, така што во последните 24 часа биле изведени 19.116 тестови на коронавирусот. Владата се надева дека кон крајот на април до 100.000 ќе се зголеми дневниот број тестирања.

„Не смееме никогаш да заборавме дека зад оваа бројка постои име, и загуба, и семејство коешто никогаш нема да биде исто“, истакна министерот Хенкок на брифингот.

Истакна дека состојбата на Џонсон се подобрува, и ја пофали негата на медицинскиот персонал од Националната здравствена служба (NHS). Истакна и дека Велигден ќе биде тест на британската „национална решителност“.

Британската валда побара од населението да остане во своите домови во текот на Велигденските празници, искажувајќи загриженсота дека желбата да се видат роднините и пријателите може да ги поткопа напорите да се спречи ширењето на коронавирусот.

Британија се наоѓа во третата седмица од острите рестрикции, со кои се наложува останување во домовите, освен за набавки на грана, или еднаш дневно за вежбање. Полицијата има овластувања да ги казнува прекршителите на правилата.

„Колку и да е топло времето, да се привлечни плажите и парковите, сите треба да останат дома. Персоналот на NHS се бори ден и ноќ на многу болните луѓе да им овозможи дишење и тие имаат потреба да останете дома“, додаде Хенкок.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.