Во Британија рекордна недоверба во институциите на системот

Довербата на Британците во Владата, во бизнисот, медиумите и хуманитарните органзиации е на најниско ниво во изминатите 20 години. Тоа се нагласува во анализа на американската компанија Еделман.

Во анкета пред една година Британија беше на 24 место од 28 држави, а во минатата година недовербата на Британците ја надминала онаа на Јапонците, Шпанците и Ирците, и сега државата е на 27 место.

Под неа во листата за доверба кон институциите е само Русија.

Три петтини од Британците изјавиле дека губат верба во демократијата.

Анкетата беше извршена од 19 октомври до 18 ноември во момент кога британсккот Парламент го блокираше излегувањето од ЕУ и премиерот Борис Џонсон свика предвремени избори. По победата на Џонсон, во нова анкета довербата е зголемена за 10 отсто во Владата. Највисока доверба во институциите на државата во изминатите две години изразиле кинеските граѓани.