Во Британија уапсен и четврти осомничен за смртта на 39-те луѓе во камионот

(AP Photo/Alastair Grant)

Полицијата на англиската грофовија Есекс уапсила четврто лице осомничено за случајот со смртта на 39 луѓе, чиишто тела во средата беа пронајдени во камиот-ладилник во близина на Лондон, соопштено е во петокот вечерта.

Полицијата на Есекс утрото на 23-ти октомври принајде 39 мртви во камион кој во Велика Британија влегол преку Холихед, пристанишен град каде пристануваат траектите кои испловуваат од Ирскиот остров. Според непотврдените информации, жртвите се кинески државјани – осум жени и 31 маж, од кои еден тинејџер. Се очекува обдукцијата на телата и идентификација.

„Можам да потврдам дека нашите службеници деноноќно работат и дека притворивме четврто лице. Станува збор за 48-годишен маж од Северна Ирска, кој беше приведен денеска на аеродромот Стенстед под сомнение за нелегално превезување луѓе и убиства“, се вели во соопштението на земеничката на началникот на полицијата, Пипа Милс.

Претходно во петокот две лица, маж и жена на 38-годишна возраст жители на Варингтон, во грофовството Чешир на северозападот од Англија, беа уапсени, исто така, под сомневање за трговија со луѓе и убиства. Во средата беше уапсени и возачот на камионот во кој беа најдени жртвите, 25-годишен маж по потекло од Северна Ирска и притоа беа извршени претреси на два објекта во селото Лорелвале, во кое живеел со семејството.

Полицијата, исто така, потврди дека телата пронајдени во индустриската зона во градиот Грејс во Есекс близу Лондон, биле предадени во мртовечницата, каде што во петокот веднаш треба да почнат патолошко-анатомските експертизи. Продолжуваат обидите за утврдување на идентитетот на жртвите, при што полицијата е во постојан контакт со кинеската амбасада во Велика Британија, каде што сѐуште не го потврдуваат кинеското државјанство на жртвите.

Според британските медиуми, првично како причина за смртта на 39-те луѓе се смета смрзнување. Имено, според нивните сознанија, температурата во внатрешноста на приколката ладилник, која компанијата „Global Trailer Rentals“ ја изнајмила долгорочно во северноирската грофовија Монахан од 15-ти октомври по цена од 275 евра месечно, изнесувала минус 25 Целзиусови степени.

Полицијата во Есекс објави дека приколката со камионот пристигнала од белгисткото пристаниште Зебруг, а потоа и белгиското обвинителство потоа потврди дека камионот испловил од ова пристаништето. Според истрагата, самиот камион без приколката пристигнал од Даблин. Претходно бугарското министерство за надворешни работи соопшти дека камионот „Scania“ бил регистриран во црноморскиот пристанишен град Варна на име на компанија во сопственост на ирски државјанин, а премиерот Бојко Борисов рече дека возилото ја напуштило територијата на Бугарија во 2017 година, и никогаш не се вратило таму.

Дел од британските медиуми потсетуваат дека токму возачот на камионот, кој подоцна беше приведен, ја повикал полицијата откако ги пронашол телата во приколката. Сепак, иследниците ја истражуваат можната вмешаност на младиот маж во актовност на криминална група, специјализирана за транспорт на илегални мигранти во Европа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.