Во бродолом во Мароко загинаа најмалку 16 мигранти

Вкупно 16 тела се пронајдени по бродоломот на пловило на кое се наоѓале педесетина млади марокански мигранти во морето кај брегот близу Казабланка, според информациите на спасувачите.

Во саботата брановите на брегот ги исфрлиле првите тела и од тогаш трае потрагата.

Неколку членови на семејствата на младите мигранти од руралната област крај Маракеш дошле до брегот во надеж дека ќе ги најдат живи, Во среда мала група чекала сѐ уште на плажа северно од Казабланка.

Во саботата тројца мигранти во бесвесна состојба се хоспитализирани, а подоцна се пуштени на домашна нега. Во пловилото имало 56 патници, според локалните извори.

Од јануари годинава повеќе од 15.000 мигранти преку морето пристигнале во Шпанија, што е за 45 отсто помалку отколку во првите осум месеци минатата 2018 година, според податоците на шпанските власти.