Во Бугарија ќе останат затворени училиштата, рестораните, трговските центри до 31 јануари

Бугарија планира средните училишта, рестораните и трговските центри да останат затворени до 31 јануари, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот и да му се помогне на оптоварениот здравствен систем, изјави денеска бугарскиот министер за здравство Костадин Ангелов.

Воведените рестриктивни мерки, кои траат до 21 декември, помогнаа во намалување на драстичниот пораст на новозаразени, но земјата и понатаму има најголема стапка на смртност на 100.000 луѓе во ЕУ.

Според планот, кој Владата утре детално ќе го презентира, градинките и основните училишта ќе можат повторно да почнат со работа од 4 јануари. Рестораните во хотелите, исто така, ќе можат да бидат отворени за гости, но ќе работат со 50 отсто капацитет. 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.