Во Бугарија на 100 илјади заразени со Ковид-19

46

Во Бугарија, во последните 24 часа се потврдени 3.519 нови случаи на коронавирус, а 152 лица починаа, се наведува на владината веб-страница за следење на епидемијата.

Од последниот пресек, тестирани се 7.934 лица.

Во моментов во болниците има 5.353 пациенти, од кои 288 се на Одделите за интензивна нега.

Од почетокот на епидемијата, во Бугарија се заразени 101.770 лица, од кои 2.282 починале.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.