Во Бугарија полициски возила ќе се користат за брза помош

Бугарската влада одлучи да побара помош од полицијата и такси превозниците во транспортот на заразените со коронавирусот до болниците, бидејќи нема доволно возила за итна помош во услови на остро ширење на коронавирусот во земјата во вториот бран од епидемијата.

Десет полициски минубуса, од кои шест со придружба на помошен медицински персонал, ќе им помагаат на 25 јавни возила на итната помош во Софија кои се на дневно дежурство, изјави во понеделникот министерот за здравство, Костадин Ангелов за медиумите.

Смртта на 33-годишник чишето семејство во саботата со часови чекало медицинска помош, ги вжешти социјалните мрежи кои вриеја од сведоштва за непружање итна медицинска помош.

„Лекарите се исцрпени. Во војна сме: треба да се мобилизираат сите ресурси во борбата со епидемијата“, изјави портпаролката на софиската служба за итна медицинска помош, Катја Сунгарска.

Болниците ширум Бугарија, во кои многу лекари и друг персонал се заразени, сега мора да ги ангажираат студентите од последните години на медицина.

Министерството за здравство по критиките ги повика на соработка и приватните здравствени установи коишто, според сведочења на граѓаните, неретко не сакаат да ги примат заразените со новиот коронавирус.

„Приватните болници кои нема да го спроведуваат указот на министерот според којашто 10 отсто од своите капацитети мора да ги наменат за заболените од Covid-19, повеќе нема да бидат финансирани од буџетот“, предупреди министерот за здравство др Ангелов.

Во понеделникот тој изрази задоволство од проширувањето на капацитетите во Софија со 100 нови болнички кревети. Покрај тоа, до крајот на седмицата ќе има 17 нови возила на итната помош, додаде министерот кој потврди дека преговара и со здружението на такси-превозниците поради транспорт на пациентите.

Бугарија, којашто пролетта според официјалните податоци релативно успешно се справи со првиот бран од коронавирусот, сега се соочува со остро зголемување на бројот на новозаразените од 80 отсто во последните седум дена. Во земјата се регистрирани вкупно над 54.000 случаи на коронаинфекции, но се смета дека ги има повеќе, бидејќи се спроведуваат малку тестирња. Во земјата, којашто според последниот попис на населението има речиси седум милиони жители, речиси 1.300 луѓе починале како последица од компликациите предизвикани од коронавирусот.

Владата на премеирот Бојко Борисов, во страв од социјални немири, имајќи предвид дека со месеци траат масовни протести со барања за негово заминување од позицијата на којашто е речиси деценија, сега сака да го избегне повторното воведување на епидемиолопшката мерка на карантин.