Во Бугарија протест против Владата

Пред зградата на бугарското Народно собрание се одржува протест со барање за оставка на Владата предводена од ппремиерот Бојко Борисов, јави БГНЕС. Организатор на протестот е опозициската „Преродба“.

Во повикот за протест, организаторите како причини за незадоволство ги посочуваат кризата со водоснабдување во делови на земјата, демографската катастрофа, загадениот воздух, управувањето со отпад, одземањето на монетарниот суверенитет, заканите по финансиската стабилност, полициската самоволност… Организаторите на протестот оценуваат дека нема сфера во управувањето со земјата која не е во сериозна криза.

Според „Преродба“, тоа е само дел од ситуацијата во Бугарија, каде „народот живее тешко, додека Владата ги користи сите средства за да го убеди дека живее добро и дека сè е во ред“.