Во Бугарија секој трет e заразен со делта сојот

Секој трет заразен со коронавирусот во Бугарија е од делта сојот.

Главниот здравствен инспектор Ангел Канчев, на денешниот брифинг во Министерството за здравство на Бугарија, изјави дека има промена во трендот на ширење на вирусот, јави дописникот на МИА од Софија. Канчев изјави дека е запрено намалувањето на новозаразени и дека сега секое трето лице е заразено со делта сојот. Постепено ќе го зголемуваат бројот на случаи во јули, а многу побрзо во август.

Доколку се почитуваат рестриктивните мерки при граничната контрола, може да се забави ширењето на делта сојот, што веќе доминира во повеќе од 50 проценти од случаите во Европа.

Тој истакна дека меѓу земјите со најголема инциденца во моментот земјите со активен туризам – Кипар, Шпанија, Португалија и Грција.

Во претходните 24 часа во Србија биле тестирани 9.331 граѓанин на коронавирусот, а има 228 новозаразени. Четворица пациенти починале, а во моментов има десет пациенти на респиратори низ целата земја.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.