Во Бугарија точно знаат за што се преговара, во Македонија се крие

За жал на  Македонија не се очекува ништо од јунскиот самитна ЕУ, бидејќи имаме сериозни проблеми од повеќе аспекти, истакна во денешното гостување на ТВ 24, пратеникот Љупчо Пренџов.

„Едниот е Бугарија и нејзините барања кои не кореспондираат во европските вредности, вториот дел е тоа што премирот Заев во Македонија се однесува како човек монарх, бидејќи од сето она што се преговара со Бугарија, ние како македонска јавност не знаеме што се случува. Во Бугарија точно знаат за што се преговара, ние не знаеме. Имаме португалска рамка која никој не ја знае. Сметам дека тоа е надвор од сите стандарди на демократија, бараме да видиме кои се црвените линии“, нагласи Пренџов.

Пратеникот истакна дека не може македонските политичари да им говорат на граѓаните дека се преговара за размена на студенти, пругата кон Бугарија, а од друга страна бугарските политичари да говорат дека се преговара за македонскиот идентитет.

„Има политички спотови кои се со јасни територијална претензии кон Македонија и едноставно за тоа никој не одговара и тоа ме загрижува“, нагласува Пренџов.