Во Бундеслигата два гола во првата минута и нов кикс на Баерн, дербито на Борусиите за тимот од Дортмунд

Во саботните натпревари од осмото голо на германската Бундеслига, два гола беа постигнати уште во првата минута, а ги постигнаа стрелците на Аугбург и Унион Берлин.

Во последниот саботен меч Борусија Дорминд на својот „Вестфален“ ја победи досега водечката Борусија од Менхенлгадбах со голот на Марко Ројс постигнат во 58 минута, па сега првите девет екипи вна табелата се во разлика од само два бода.

Борусија од Менхенгладбах остана на првата позиција со 16 бодови, а Борусија од Дортмунд сега има 15 бодови и се искачи на четвртата позиција.

Фудбалерите на минхенски Баерн, кои во минатата коло изненадувачки беа поразени на својата „Алијанц Арена“ од Хофенхајм со 1:1, повтони киксираа одигрувајќи 2:2 кај Аугсбуг. Баварците беа шокирани уште во првата минтуа кога домашниот играч за врска Марко Рихтер ја погоди нивната мрежа. Но, гостите направија пресврт со головите на Роберт Левандовски и Серж Гнабри во 49 минута. И кога се чинеше дека Баерн ќе замине со трите бода, во првата минута од судиското продолжение Аугсбург од една полуконтра дојде до израмнување, а стрелец беше исландскиот интеренационелв Алфред Финбогасон.

Баерн има 15 бодови и моментално е трет, а Аугсбург со шест бода е на 15-то место.

Вториот гол во првата минута беше постигнат на мечот меѓу Унион Берлин и Фрајбург, кој заврши со победа од 2:0 на домашниот тим. Резултатот го отвори Мариус Билтер а конечниот резултат го постави Маркус Ингварстен во 84 минута.

Унион Берлин собра седум бодови со кои е на 14-то место на табелата, а Фрајбург моментално е седми со 14 бодови и не успеа да се пробие кон првите четири места кои водат во пласман во Лигата на шампионите.

Волфсбург и натаму останува единствениот тим кој досега сезонава нема забележано пораз, а во саботата на гости кај РБ Лајпциг одигра 1:1. Ремито на „волците“ им го донесе Вут Вегхорст во 82 минта, откако Тимо Вернер во 54 минута го доведе домашните во водство.

И РБ Лајпциг пропушти можност да го искористи киксот на Баерн и да го мине на табелата, остана бодоцно израмнет со минхенскиот тим со 15 бодови, но засега е на четвртото место. Волсфрбург, пак, е второпласиран со 16 бодови.

Херта ја продолжи позитивната серија и по три последователни победи на гости кај Вердер ремизираше 1:1. Џош Сарџент домашните ги доведе во водство во 7 минута, а за гостите во 70-та израмни Доди Лукебакио.

Херта е 10-та со 11 бодови, а Вердер е место подолу на табелата со девет бодови.

Фортуна успеа да ја реализира бројната предност од речиси цело полувреме во домашниот меч со Мајнц кај кој „поцрвене“ Едмилсон Фернандес во последната минута од првиот дел. Стрелец на победничкиот гол беше Роувен Хенингс во 82 минута.

Фортуна моментално е 13-та со седум бодови, а Мајнц остана на шест бодови и е на 16-то место.

Во петокот вечерта Ајнтрахт од Франкфурт како домаќин со 3:0 го победи Баер од Леверкузен. Ајнтрахт е 8-ми со 14 бодови, а Баер е остана на исто толку бодови, сега место подолу на табелата.

Во недела се играат натправарите Келн – Падеборн и Хофенхајм – Шалке 04.