Во Бутел се чисти речното корито и се уредува кејот на Серава

Денеска, во општина Бутел започна реализацијата на еден од позначајните проекти од програмата на градоначалникот Дарко Костовски.

– Станува збор за чистење на речното корито и уредување на кејот на реката Серава. Проектот ќе се одвива во неколку фази бидејќи течението на реката е долж целата Општина. Затоа, чистењето на речното корито ќе трае до пролет, кога се планира да отпочне уредувањето на кејот, односно изградбата на пешачката и трим патеката со поставување на урбана опрема и хортикултурно уредување, информираат од кабинетот на градоачалникот.

За страртот на овој носечки проект од програмата на градоначалникот Дарко Костовски помогнаа повеќе општествено одговорни фирми, а за наредната година ќе бидат предвидени средства во буџетот за 2022 кој веќе се изработува.