„Во Центар“: Нова влада за промена на името

Според Ефтов, постојат најмалку три сценарија како Македонија до крајот на годината да стане членка на НАТО. Како што вели Ефтов, и американскиот Амбасадор Џес Бејли сака по секоја цена Македонија да влезе во Алијансата за тој да ги покрие сите активности во изминатите две години.

-Првото сценарио е да биде организиран референдум во Република Македонија. Тоа значи, 50 плус 1 отсто од гласачите во Република Македонија, односно близу 900 илјади луѓе да гласаат позитивно на тој референдум. Тоа е тешко остварливо и таа опција се помалку е актуелна и се помалку е во игра за решавање на проблемот со името, истакна Ефтов.

Посочува дека втората варијанта е Македонија да влезе под условите кои се договорени со времената спогодба, односно да се реализира она што не беше направено на самитот на НАТО во Букурешт.

-Втората варијанта е под името „поранешна југословенска Република Македонија“, Македонија да стане членка на НАТО. Всушност, изминатите четири или пет години постои онаа пресуда на Хашкиот суд. Раководството или официјалната политика на Република Македонија бараше под таа референца, како што е содржана во времената спогодба да станеме членка на НАТО. Односно, да се реализира тоа што не беше направено на самитот на НАТО во Букурешт, објаснува Ефтов.

Според него, третата варијанта е Македонија да влезе во Алијансата под референцата FYROM, што и одговара на Грција.

-Третата варијанта е под референцата FYROM, која и одговара на Грција. Притисокот кој сега се врши врз Зоран Заев е под референцата FYROM, која одговора на Грција, Република Македонија да стане членка на НАТО, посочи Ефтов.

Вели дека влегувањето е многу важно за американскиот амбасадор Џес Бејли, бидејќи како што вели, на тој начин ќе ги покрие сите законски или незаконски активности кои ги правеше изминатите години.

-Тоа е важно бидејќи американскиот амбасадор, Џес Бејли по секоја цена сака Македонија да стане членка на НАТО. На тој начин, сите активности на Бејли, законски или незаконски, сака да ги покрие сите активности кои ги правеше изминатите години. Тоа е по секоја цена ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски да ги симне од власта во Република Македонија и да направи влада меѓу СДСМ и ДУИ, потенцира Ефтов.