Во Центар санкционирани 17 пијани возачи

Полицијата откри 94 прекршоци во сообраќајот при акциска контрола за санкционирање на возење под дејство на алкохол на територијата на Општина Центар.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, 17 санкции се изречени за возење во алкохолизирана состојба, 10 за возење без возачка дозвола, една за нерегистрирано возило, 15 за некористење заштитна маска.

Од МВР информираат дека засилени акциски контроли ќе има и во наредните денови и апелираат учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.