21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Во Чаир – дури 11 жртви живееле во иста зграда, а пет деца оделе во исто училиште, општината подготвува 16 погреби

Во Македонија денес е втор ден на жалост по страшната трагедија на автопатот Струма во која животот го загубија 45 лица од кои 12 се деца.

Телевизијата „OnAir.bg“ денес направи прилог од скопски Чаир каде животот го загубија 16 лица.

„Во оваа зграда живеат две семејства кои загубија вкупно 11 членови, сите пет деца од оваа зграда идеа во исто училиште“, раскажува во прилогот репортерот.

Во прилогот наставниците од основното училиште „Исмаил Ќемали“ низ солзи раскажуваат дека во еден клас имало и по повеќе смртни случаи.

Во Чаир инаку ќе има 16 погреби, а општината се обидува да им помогне на семејствата, вели градоначалникот за бугарскиот медиум.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.