Во Чаир санкционирани 207 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на општина Чаир изречени се вкупно 207 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 23 лица, 24 технички неисправни и нерегистрирани возила, неносење заштитна маска 31.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.