Во Чаир тешко повреден мотоциклист

Вчера во 17.20 часот во СВР Скопје на крстосница од ул.„Босна и Херцеговина“, ул.„Кемал Сејфула“ и ул.„Александар Урдаревски“, Џ.М.(47) од Скопје, управувајќи мотоцикл „априлија“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Тој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза’’. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.