Во Ченто имаше сообраќајка, не вооружена престрелка, велат од МВР

Синоќа се прошири вест дека во Ченто на семафорите имало престрелка и наводно имало жртрви и ранети, но како што инфорираат од МВР станува збор за сообрќајна несреќа.

Дел од порталите, шират лажни вести за наводна престрелка во скопската населба Ченто и дури лицитираат со повеќе убиени. МВР апелира до граѓаните да не наседнуваат на вакви подметнувања и да не веруваат на лагите кои ги пласираат овие портали туку да се информираат од професионалните медиуми, кои објавуваат проверени информации. Во Ченто вечерва имаше сообраќајна незгода, а не престрелка, како што беше објавена лажна вест“, велат во соопштението од МВР.

Имено, синоќа се случила тешка сообраќајна несреќа во близина на последна 23-ка во Ченто.

Очевидците посочувале дека лице со возило БМВ со голема брзина пресекло пат на комбе, по што возилото се забило во дрво, а комбето се превртело.

Полицијата многу покасно се појави на местото на несреќата. Првичната рекација беше дека нешто има, а подоцна оти ништо не е пријавено во полициска станица.

Сепак, неофицијалните информации говорат дека еден од учесниците во сообраќајната несреќа се заканувал со пиштол.