Во Чешка и Бугарија рекордни бројки коронаинфекции, Германија бележи голем раст

Чешка пријави 5.335 нови случаи на коронавирусот во средата, што е најголем дневен раст на заразени од почетокот на пандемијата, додека Бугарија пријави 437 новозаразени и се справува со растечкиот број зарази, како и Германија којашто од почетокот на пандемијата во мар немаше толку голем број заразени на дневно ниво.

Во Чешка растот на заразените го надмина претходниот рекорд од 4.457 случаи пријавени во вторникот, додека оваа земја со 10,7 милиони жители се бори со најголемите бројни на дневни случаи откако започна пандемијата. Досега вкупно се забележани 95.360 случаи на заразата и 829 смртни исходи.

Во Бугарија, пак, досега се потврдени 22.743 случа на Covid-19 од почетокот на пандемијата, а земјата бележи 873 смртни исходи.

Бугарите мора да носат маски во затворените јавни протори и да одржуваат растојание, а владата засега нема намера да воведува нови мерки. Главниот здравствен инспекторат во земјата соопшти дека новите мерки, како што се затвореање ресторани, може да бидат наметнати доколку бројката потврдени случаи продолжи да расте, но ја исклучи можноста од воведување целосен карантин.

Германија забележала над четири илјади случаи на заразата со короанвирусот во последните 24 часа, што претставува порас за 1.200 случаи во однос со претходниот ден, објави националната агенција за контрола на болестите.

Според податоците на Институтот „Роберт Кох“, во четвртокот се пријавени 4.508 случаи на зараза, за разлика од 2.828 во средата. Германија нема пријавено толкава голем број дневни случаи од пикот на епидемијата во замјата кон крајот на март и почетокот на април, кога беа потврдувани дневно и над 6.000 нови случаи на заразата пред значително да опаднат. Заразата во Германија повторно почна да расте во јули.