Во Чешка откриени илегални мигранти по биењето на срцето

Чешката полиција открила 11 илегални имигранти во фургон во близина на западниот град Соколов со помош на уред кој ги регистрира отчукувањата на човечкото срце, соопшти во петокот на прес-конференција портпаролката на полцијата Зузана Тиржова.

„Полициските службеници при контролата на возилото користеле ткн heartbeat detector. Оваа направа преку детекторите го фиксира срцевиот ритам врз основа на биењето на срцето. Во овој случај уредот насочен кон товарниот дел од возилото, регистрирал присуство на поголем број луѓе во него“, изјавила Тиржова.

Прецизирала дека во возилото имало 11 нелегални имигранти кои имале намера да стасаат во Германија. Повеќето од нив биле државјани на Авганистан, но имало и државјанина Банлгадеш и Сомалија. Сите се на возраст од 16 до 36 години.

„Возилото имаше романски регистерски ознаки. Возачот и неговиот сопатник, исто така, се приведени и заедно со илегалните имигранти се предадени во полициска станица за натамошната истрага“, додала поартпаролката на чешката полиција.