Во Чешка рекордни 260 нови случаи на коронвирусот, најмногу од 8-ми април

Во Чешка во саботата се потврдени нови 260 случаи на зараза со новиот коронавирус, што е најголем дневен број од 8-ми април и речиси за сто лица повеќе од претходното деноноќие, а здравствените власти продолжуваат со насочени тестирања во локалните жаришта со зголемен број на новозаразени и новозаболени.

Според податоците на министерството за здравство објавени во неделата, најголем ппораст на новите случаи повторно е забележан во рударскиот регион Карвина, моментално најзагрозената област во Чешка.

Во петокот претпладнето министерството за здравство започнало со тестирање на вработени во локалниот рудник на јаглен, извести новинската агенција ČTK.

До денеска во Чешка регистрирале 11.298 случаи зарази коронавирусот и 347 смртни случаи. Речиси 7.700 досега се опоравиле од последиците од Covid-19.

„Ова не е вториот бран од пандемијата на коронавирусот, од наша гледна точка“, изјави во неделата министерот за здравство Адма Војчех.

Додаде дека планираното ублажување на рестриктивните мерки од 1-ви јули, веројатно нема да ја опфати источната област Карвина. „Планираме делумно да ги заостриме мерките“, рече министерот Војчех зборувајќи за ситуацијата во овој регион.

Така, на пример, дозволениот број лица присутни на спортските и културните настани би можело да биде намален на 100 лица во Карвина, додека во остатокот од земјата би можело да биде зголемен од 500 на 1.000 лица за настаните кои се одржуваат во затворени и на отворени простори.