Во Црна Гора ќе се игра фудбал пред публика

14

Шампионатот во Црна Гора ќе продолжи во сабота, но за разлика од останатите првенства во Европа, во оваа земја стадионите ќе бидат отворени за фановите. Оваа одлука ја соопшти премиерот, Душко Марковиќ.

„Фудбал ќе се игра пред навивачи, но со ограничен број и посебни мерки“, истакна Марковиќ.

Во Црна Гора ќе продолжи само фудбалскиот шампионат, откако претходно беше ставен крај на ракометното и одбојкарското првенство.

Како ќе бидат рапределени фановите останува да видиме викендот што доаѓа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.