Во Црна Гора казнети 168 родители поради невакцинирање на децата

9

Прекршочни судови во Црна Гора, минатата и оваа година казниле 168 родители кои одбиле да ги вакцинираат своите деца, што е речиси трипати повеќе од периодот од 2013 до 2017 година.

Според податоци од судовите доставени до подгоричкиот весник „Вијести“, 140 родители се казнети парично, а 27 добиле опомена.

Поради одбивање имунизација, родителите биле санкционирани со вкупно 14.560 евра, што значи дека воглавно добивале минимална законска казна.

Според законот во Црна Гора, минималната казна за невакцинирање деца е 100 евра, а максималната две илјади евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.