Во Црна Гора коронавирусот повторно го донесоа оние кои беа на дербито Партизан – Црвена ѕвезд

Коронавирусот во Црна Гора повторно го донесоа оние кои беа на фудбалското белградско дерби Партизан – Црвена звезда. Директорот на Клиничкиот центар на Црна Гора Јевто Ераковиќ изјави дека сите новорегистрирани случаи на коронавирус во земјата речиси сигурно се увезени.

Тој додаде дека е јасно дека оваа ситуација е предизвикана од заминувањето на црногорските граѓани на неодамнешното дерби Партизан-Црвена звезда во Белград, на кој имаше околу 20.000 гледачи.

Црна Гора на 24 мај се прогласи за земја без коронавирус, но вчера беа потврдени седум нови случаи и сега вкупно ги има девет. Ераковиќ очекува бројот на заразените да расте во наредните денови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.