Во Црна Гора најголем раст на заболените во вториот бран на коронавирусот

Црногорскиот институт за јавно здравје во саботата потврди 57 нои случаи на зараза со коронавирусот, што е најголемиот дневен раст од почетокот на вториот бран на епидемијата од 14-ти јуни.

Во трите последни седмици се заразиле вкупно 396 лица, од кои четири починале а две се во животна опасност, соопшти Клиничкиот центар во Подгорица.

Во првиот бран, кој траеше од средината на март до почетокот на мај, имаше 324 заразени.

Црна Гора првата во Европа се прогласи за „корона-фри“ дестинација, откако 42 последователни дена немаше регистрирано случаи на заразени со коронавирусот.

Црногорската влада претходно се правдаше дека повеќето новозаразени престојувале во Србија или биле во контакт со лица кои биле во Србија, а кои за да го избегнат карантинот по враќањето во Црна Гора, во земјата влегле од Босна и Херцеговина или на илегалните премини.

Откако Советот на Европската унија ги усвои препораките за постепено отворање на границите на ЕУ за државјаните на 14 земји од 1-ви јули, меѓу кои е Црна Гора, оваа земја ги отвори своите граничи без ограничување за државјаните на челнките на Унијата.

Црногорските граници од 1-ви јуни се отворени за земјите кои имаат помалку од 25 активни случаи на 100.000 жители.