Во Црна Гора најголемата плата годинава 54.440 евра

Највисоката плата во оваа година во Црна Гора изнесувала 54.440 евра, а му била испалтена на вработен во секторот банкарство и монетарно псредување, покажуваат податоците на црногорската Даночна управа.

Оваа заработка изнесува 106 просечни плати кои се движат меѓу 510 и 514 евра во зависност од месецот, односни изнесува 282 минмални плати, која во моментов изнесува 193 евра, пишува подготичкиот дневен весник Побједа.

Даночната управа на Црна Гора не ги соопштува имињата на лицата ниту компаниите кои се рекордери според исплатените заработки, имајќи го предвид законот за заштита на личните последици.

И второто место со 41.292 евра нето исплата го држи истио тсектор и исто така црногорски граѓанин, а не странец кој работи во Црна Гора. На третата позиција во овој дел од годината е заработката од 34.337 евра.

Даночните власти во Подгорица наведуваат дека овие енормни заработки се испалтени само во еден месец.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.