Во Црна Гора разбиена мрежа за криумчарење мигранти

Дванаесет лица, меѓу кои двајца се полицајци, се уапсени во средата во акција на црногорската полиција за спречување на трговијата со луѓе.

Како што се соопштено, осомничените криумчареле мигранти од границата со Албанија преку Црна Гора, до границата со Босна и Херцеговина.

„Во периодот од јануари 2019 година полицијата идентификуваше организирана криминална група под називот ‘Моника’ која е формирана со цел да криумчари странски државјани кои во Црна Гора имале статус на баратели на азил. Оваа организирана група имала десет членови и дејствувала така што со извршување дејности во делот на прифаќањето, транзитот, сместувањето и илегалното преминување на државната граница на рутата Албанија – Црна Гора – Босна и Херцеговина прокриумчарила повеќе групи од по десет до дваесет лица“, соопштија од Управата на полицијата на Црна Гора.

Акцијата, како што се додава во соопштението, е изведена во соработка со полициските служби на Босна и Херцеговина, преку размена на информации со Европол.

„Акцијата претставува продолжување на активностите на полицијата во борбата против организирираните криминални групи кои учествуваат во криумчарењето луѓе преку територијата на Црна Гора како транзитна земја“, изјави за медиумите Никола Меденица, началник на Отсекот за сузбивање дела од криумчарењето и трговијата со луѓето и илегалните имиграции.

Истовремено црногорската Управа на полицијата го осуди незаконскот поднесување на двајцата полициски службеници и „пружи макслимална поддршка на надлежните органи во нивното процесуирање“.

Црногорската полиција последната година пресекла пет криумчарски мрежи и во овие акции уапсено е 51 лице.