Во Црна Гора собири за поддршка на министерот кој негира геноцид во Сребреница

98

Во повеќе црногорски градови неколку стотици градови во понеделникот вечерта, носејќи српски знамиња и транспаренти со кои се негира утврдениот факт во меѓународната заедница дека во војната на поранешните југословенски простори во Сребреница е извршен геноцид, и го поддржаа министерот за правда Владимир Лепосавиќ чијашто смена претходно ја накави премиерот Здравко Кривикапиќ.

Во вонредното обраќање Кривокапиќ рече дека ја започнал процедурата за отповикување на Лепосавиќ, поради неговата спорна изјава за Сребреница којашто беше осудена и од опозицијата во Црна Гора и во Босна и Херцеговија, но дека претходно му дал можност на министарот самиот да се повлеќе, што тој го одбил.

Лепосавиќ пред две седмици во црногорскиот парламент рече дека е подготвен да призане дека во Сребреница се случил злосторство на геноцид, кога тоа, како што рече, недвосмислено ќе биде утврдено, тврдејќи дека Трибуналот во Хаг го загубил легимититетот.

Сепак, по најавите на Кривокапиќ поголе дел од пратениците на просрпските партии во црногорскиот парламент, кои се дел од власта, соопштија дека нема да го поддржат барањето на премиерот за смена на министерот Лепосавиќ, како и дека неговиот став за Сребреница го подржуваа мнозинството Срби во Црна Гора.

Подоцна во понеделникот во Подгорица, Бар, Никшиќ, Плевље, Берани се собраа демонстранти кои носеа транспаренти и скандиира пароли со кои се негира геноцидот во Сребреница, како и против актуелниот црногорски претседател Мило Ѓукановиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.