Во Црна Гора стапува во сила Законот за хомосексуални бракови, 20 двојки чекаат

Во Црна Гора стапи во сила Законот за хомосексуални бракови, а на неговото спроведување чекаат 20 двојки.

Законот ќе им овозможи на истополовите двојки да ги официјализираат своите семејства. Тој беше усвоен на први јули минатата година за време на владеењето на Демократската партија на социјалистите. Во тој период, беше организирана обука за општински службеници од неколку црногорски градови, кои се запознаа со церемонијата при склучување на партнерство меѓу лица од ист пол.

„Тоа вклучува начин на кој ќе им се обратите, како на пример „може да се бакнете“, наместо ‘може да ја бакнете невестата’ и други детали’, изјави неодамна Даниел Калезиќ од невладина организација која ја организирала обуката.

Според него, „некои наши обичаи не се вообичаен дел од церемонијата, како што е невестинскиот букет и други работи“.