Во Црна Гора уапсени двајца уредниците поради предизвикување паника

22

Полицијата во Подгорица ги уапси главните и одговорни уредници на црногорските портали „Борба“ и „ИН4С“ под сомнение дека извршиле кривично дело – предизвикување паника и немири.

Тие се товарат дека вчера предизвикале паника во јавноста објавувајќи лажни вести со случувањата во „Вила Горица“ во Подгорица без да ги проверат информациите.

„Вилата Горица“ во Подгорица се користи за прием на високи гости и делегации од странство од страна на претседателот Мило Ѓукановиќ и Владата. Во вилата вчера попладне се запали разводна кутија, но дефектот брзо беше саниран.

„Борба“ и „ИН4С“ објавија дека во „Вила Горица“ се случила експлозија и оти на лице место се упатени противпожарна екипа и полиција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.