Во Црна Гора уште 146 лица позитивни на Ковид-19

Во Црна Гора во изминатите 24 часа се регистрирани 146 позитивни случаи на Ковид-19, пренесуваат тамошните медиуми.

Не се регистрирани смртни случаи, а вкупниот број на починати пациенти од почетокот на јуни во оваа земја е 95, додека од почетокот на годината 104 лица.

ВО последните 24 часа оздравени се 60 пациенти.

Вкупниот број на активни случаи со коронавирус во Црна Гора моментално изнесува 897 лица.
Од почетокот на годината вкупниот број на регистрирани случаи со Ковид-19 изнесува 5.165.